All for Joomla All for Webmasters

Доверливост, внимание, оригиналност

 

 

 

 

Пребарај

Погребална опрема

Уште од 1991 година, фамилиите потполно веруваат во услугите на "Мирен Сон" и им препуштаат да се погрижат за погребувањето на нивните најблиски. И затоа константно се стремиме да им помогнеме на фамилиите во одлучувањето и подготовката на единствено и достојно паметење на своите блиски, со нашите традиционални понуди на верски погреб или со нашите посебни услуги каде секој аспект на погребната церемонија може да биде прилагоден на вашите индивидуални потреби и желби.

Целта е да се понуди услуга која ќе претставува верен одраз на животот на покојникот, да се почитува и зачува споменот на неговиот живот. Ниските цени, разновидноста и квалитетот на погребалната опрема (ковчези и погребна галантерија) се предуслов за нашиот професионализам. Големиот спектар на погребална опрема вклучува различни категории спрема цената и квалитетот , од класични ковчези до уникатни и луксузни саркофази, во кое вложено огромно знаење и рачна изработка.

 

Целосно сме посветени во подготовка на достоен и пиететен погреб за вашите сакани , давајќи посебни и значајни обележја на секоја услуга која ја нудиме. Наша цел е да обезбедиме угледен и пристоен погреб за секого, а наша обврска е да Ви излеземе во пресрет во најтешките мигови од животот.