Цвеќе за погребна церемонија
Тажните вести дека некој близок или пријател ви починал сами по себе не се убави , но важно е да изразите сочувство и да испратите цвеќе како знак на вашето пријателство , како знак дека сочуствувате со тагата на семејството во тие тешки моменти за нив.
Цвеќето дава декорација , убавина , возвишено чувство на љубов, бесмртност и вечност на самата погребна церемонија. Ја разбираме важноста и вредноста да се испрати најубаво цвеќе за погребна церемонија согласно вашите желби и поради тоа наша специјалност е да дадеме посебен личен печат и да обрнеме внимание на секој детал на вашата нарачка.
Можете да изберете по боја и големина :
• икебани и цветни аранжмани за над ковчег од природно цвеќе,
• венци од природно цвеќе во различни големини
• крстови од природно и вештачко цвеќе ,
• аранжман во корпа со природно цвеќе и вештачко цвеќе,
• букети од природно и вештачко цвеќе,
• надгробни икебани
• надгробни цветни аранжмани во вазна
• дизајн и изведба на персонализирана погребна церемонија со цвеќе при изложување во капелата
• персонализирана декорација на надгробни споменици со цвеќе
Цвеќето е еден од најубавите гестови да се изрази сочувство кога и зборовите се премалку. Затоа целосно сме посветени во подготовка на достоен и пиететен погреб за вашите сакани , давајќи посебни и значајни обележја погребните цветни аранжмани кои ги правиме.