"Мирен Сон" е компанија која успешно работи во обезбедување на погребални услуги во Република Македонија и надвор од неа.
Зачетоците на приказната за "Мирен Сон" се темелат врз хуманоста, услужноста и човечноста на Ставре Шибак, кој несебично им помагал на семејствата во Охрид при припремата на починатите и организацијата на погребот, без разлика на верската припадност.
Подоцна неговиот син Томе Шибак во 1991 година во Охрид го основал погребалното претпријатие "Мирен Сон", како едно од првите приватни погребални претпријатија во Македонија со основна дејност погребни и придружни дејности, во мал објект од 30-тина метри квадратни во близина на градските гробишта во Охрид.
Томе Шибак, во Охрид бил препознатлив како народен човек со долгогодишно искуство во трговијата и познавање на месните обичаи во градот.
Погребалната опрема добива нишка на луксузност со продажбата на странски саркофази и американски тип на ковчези, кои за прв пат беа донесени во Охрид, вклучувајќи ги и развојните идеи и внесувањето на естетика во погребната галантерија како огромна поддршка на сопругата на Томе Шибак, Олга Шибаковска. Хуманоста и човечноста на своите предци, надополнета со беспрекорната услуга и знаења, продолжува да се негува со бесплатната припрема на починатите лица и организацијата на погреб.
Полека но сигурно , "Мирен Сон " станува синоним за вршење на погребалните услуги во Охрид, а тоа претставуваше поттик за нејзиниот сопственик, Денис Шибаковски да го развива и менаџира претпријатието според светските стандарди и трендови, и законските прописи на Република Македонија.
Со својата квалитетна стратегија на работа и со несебичното вложување во проширување на асортиманот на опрема и услуги, но и постојано градење на квалитет, углед и доверба; "Мирен Сон" се искачи на самиот врв и веќе долг низ на години го задржа местото во својата бранша.
Во "Мирен Сон" ги негуваме и почитуваме фамилијарните и традиционални вредности , кои се втемелени во нашата работа и професионален однос кон клиентите; и се пренесуваат од колено на колено , градејќи стабилна и фамилијарна компанија.
Денес согласно законските прописи во Република Македонија, "Мирен Сон" е лиценциран оператор на погребални услуги со Дозвола за вршење на погребални услуги бр. 0007 / 2009 издадена од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија. Благодарение на квалитетот на услугите, угледот и довербата на клиентите, погребалното претпријатие "Мирен Сон" континуирано се надградуваше и прерасна во фирма со завидно реноме.
На објект од повеќе од 100 мерти квадратни, модерен возен парк со специјални атестирани погребни возила, со меѓународни искуства во транспорт на починати лица низ целиот свет, стручни знаења, техники на работа со починати со оштетувања на тело, средства за работа во декоративна и конструктивна козметика на починати; "Мирен Сон" претставува бренд во вршењето на погребални услуги. Следејќи ги европските и светски достигнувања постојано ги прошируваме и усовршуваме нашите услуги и работиме на воведување на истите кај нас.
Во нашите деловни простории ќе Ве пречека професионален тим кој внимателно ќе Ве сослуша и ќе Ви помогне во организацијата на достоен и пиететен погреб на вашите блиски. Остануваме во контакт со фамилиите и после погребот и нудиме поддршка и помош во врска со потребните административни процедури за пријавување - одјавување на починатите лица. Кај нас може да изберете квалитетна и уникатна погребална опрема за верски погреб, секуларен погреб и погреб специјално направен според вашите желби и потреби, транспортни услуги во земјата и странство и комплетна организација на погребна церемонија. Ако не сте во можност да дојдете лично во нашите простории, нашиот тим доаѓа на ваш повик и можете каталошки да одберете погребална опрема и услуги. Наша замисла е да ги поддржуваме традициите нудејќи внимание и разбирање. Ви стоиме на располагање 24 часа.
"МИРЕН СОН" - 24 часа доверливост, внимание и оригиналност !