All for Joomla All for Webmasters

Погребални услуги

Постојано го градиме нашиот углед, квалитет и доверба, нудејќи совршеност на нашите услуги и сочувство во моментите на загуба. Нашиот искусен и посветен тим ќе Ве насочи во обезбедување на квалитетни услуги според вашите желби и потреби.
Цел ни е погребалните услуги да ги подигнеме на ниво на европскиот и светскиот стандард, како би им овозможиле на ожалостените да ги испратат своите драги личности кон вечното почивалиште на што подостоинствен начин. 
Брзо , професионално и ефикасно вршиме :

>>  Превоз и преземање на починати лица од местото на настанување на смртта до местото на погреб во земјата и странство

  • со специјални погребни возила  и
  • авионски

>>  Голем асортиман на погребална опрема (ковчези, венци, погребни обележја, погребна галантерија)

>> Припрема на починати лица  (облекување, тоалетизација)

>> Припрема на починати лица во трагични настани со најсовремени средства и техники за декоративна козметика и козметичка хирургија

>> Ископ/закоп на гроб во село и град вршиме секој ден со закажување на термин и гробно место

>> Eксхумација - откопување на посмртни останки од гроб вршиме на барање на членови на потесното семејство на погребаното лице или на барање на судот и надлежните органи, според пропишаните законски прописи

>> Продажба, отворање и затворање на лимени сандаци

>> Организација на погреб (договарање на термин, протокол, изложување во капела , погребна поворка)

>> Организација на погребна церемонија

  • духовнo црковнo пеење

Пеењето ја утешува и релаксира душата. Целта на духовното пеење во позадина е да создаде смирувачки амбиент и молитвена атмосфера во моментите на жалост при изложување на покојникот во мртовечница.

  • погребален оркестар
  • еулогија(говор)
  • фотографирање и снимање
  • изработка на меморијално  видео
  • книга на жалост
    Kniga na zalost   Prodavnica1
 
Изработка на некролози во боја и објавување на нашата веб страна

>>  Објавување на некролози, сеќавања и благодарности во дневен весник

>>  Уредување на потребната документација за преземање и испраќање на починати лица од/во целиот свет

>>  Посредување за кремирање во странство

>>  Однапред договорени услуги по желба на фамилијата

Сите подготовки и одлуки во врска со погребот на одредена личност можат да се направат порано, пред настанувањето на смртта, заради олеснување и донесување на одлуки без емоции. Вие ги одбирате услугите кои сакате да ги имате , а ние  ги извршуваме професионално и одговорно.

>> Кетеринг услуги