All for Joomla All for Webmasters

Доверливост, внимание, оригиналност

 

 

 

 

Пребарај

Цвеќе за погребна церемонија

Тажните вести дека некој близок или пријател ви починал сами по себе не се убави , но важно е да изразите сочувство и да испратите цвеќе како знак на вашето пријателство , како знак дека сочуствувате со тагата на семејството во тие тешки моменти за нив.
Цвеќето дава декорација , убавина , возвишено чувство на љубов, бесмртност и вечност на самата погребна церемонија. Ја разбираме важноста и вредноста да се испрати најубаво цвеќе за погребна церемонија согласно вашите желби и поради тоа наша специјалност е да дадеме посебен личен печат и да обрнеме внимание на секој детал на вашата нарачка.
Можете да изберете по боја и големина :
•    икебани и цветни аранжмани за над ковчег од природно цвеќе,
•    венци од природно цвеќе во различни големини
•    крстови од природно и вештачко цвеќе ,
•    аранжман во корпа со природно цвеќе и вештачко цвеќе,
•    букети од природно и вештачко цвеќе,
•    надгробни икебани
•    надгробни цветни аранжмани во вазна
•    дизајн и изведба на персонализирана погребна церемонија со цвеќе  при изложување во капелата
•    персонализирана декорација на надгробни споменици со цвеќе

Цвеќето е еден од најубавите гестови да се изрази сочувство кога и зборовите се премалку. Затоа целосно сме посветени во подготовка на достоен и пиететен погреб за вашите сакани , давајќи посебни и значајни обележја погребните цветни аранжмани кои ги правиме.

Погребална галантерија

 

carsaf Standard  ekstra2   luks1 luks2 
 Модел: Standard  Модел: Extra Модел: Lux   Модел: Lux
 Deluks3  Delux2  Diamond  sd7  Diamond3

Модел: Delux

Модел: Delux

Модел: Diamond

Модел: Diamond

Diamond1

 Diamond4  Prestige1  Prestige2

Модел: Diamond

 Модел: Diamond  Модел: Prestige1  Модел: Prestige2

Rubin L

 Rubin L 1  Rubin L  sd7  

Модел: Rubin L

Модел: Rubin L  Модел: Rubin L   

Ковчези

 

 S1  S2 S3  S4 

Модел: S 1

Модел: S 2

Модел: S 3 Модел: S 4
 S5  S X  S 2X  SD3
Модел: S 5

Модел: S X

Модел: S 2X

Модел: SD 3

SD5

 SD6  SD7  SD 9 prv

Модел: SD 5

 Модел: SD 6  Модел: SD 7 Модел: SD

SD 9 vtor

SL S 2X  S X 

Модел: SD 9

 Модел: S L Модел: S 2X  Модел: S X

American 1

 Amerikan American2  Cross K1 

 Модел: American

 Модел: American  Модел: American Модел: K 1 

V1 2 3

     

Модел: V 1/2/3

     

Ковчези (2)

 S1S2S3S4

                  Модел: S 1                            Модел: S 2                                             Модел: S 3                                            Модел: S 4

S5 S XS 2XSD3

           Модел: S 5                            Модел: S X                                             Модел: S 2X                                            Модел: SD 3

SD5

 SD6  SD7  SD 9 prv

Модел: SD 5

 Модел: SD 6  Модел: SD 7 Модел: SD

SD 9 vtor

SL S 2X  S X 

Модел: SD 9

 Модел: S L Модел: S 2X  Модел: S X

American 1

 Amerikan American2  Cross K1 

 Модел: American

 Модел: American  Модел: American Модел: K 1 

V1 2 3

     

Модел: V 1/2/3

     

Услуги во странство

Кога смртта ќе настапи во некоја друга земја (во странство), ја спроведуваме комплетната процедура и услуги за враќање на починатите лица и испраќање на починатите лица во други земји (репатријација). Нашето скоро дваесетгодишно искуство во меѓународната репатријација гарантира професионален однос и одговорност кон Вас и кон нашите услуги.

Нашата цел е да Ви помогнеме во комплицираните административни процедури со што би ги олесниле ефектите од соочувањето со смртта на вашите блиски во странство. Затоа сме посебно ангажирани во меѓународната репартијација на починати лица.
Во случај на смрт на Вашите блиски во странство ги вршиме следните услуги:
  • Уредување на целокупната потребна документација, одобренија и погребална опрема кои се потребни за репатријација на починатите лица
  • Преземање и испраќање на починати лица од и во целиот свет
  • Авионски транспорт на починатите од и во сите земји низ светот
  • Транспорт на починатите со специјални атестирани погребни возила
  • Превоз и преземање од/до аеродром и транспорт до местото на погреб
Имаме успешна соработка со дипломатските претставништва  и конзулати,  како и соработка и партнерство со погребални претпријатија надвор од Македонија и странски осигурителни компании.

Возила

Располагаме со две специјални атестирани погребални возила, направени според законските прописи и стандарди на Република Македонија обезбедени за транспорт во земјава и во странство.

vito a   vito b Vozila 
Vozila1 Vozila3 Vozila 2

Погребални услуги

Постојано го градиме нашиот углед, квалитет и доверба, нудејќи совршеност на нашите услуги и сочувство во моментите на загуба. Нашиот искусен и посветен тим ќе Ве насочи во обезбедување на квалитетни услуги според вашите желби и потреби.
Цел ни е погребалните услуги да ги подигнеме на ниво на европскиот и светскиот стандард, како би им овозможиле на ожалостените да ги испратат своите драги личности кон вечното почивалиште на што подостоинствен начин. 
Брзо , професионално и ефикасно вршиме :

>>  Превоз и преземање на починати лица од местото на настанување на смртта до местото на погреб во земјата и странство

  • со специјални погребни возила  и
  • авионски

>>  Голем асортиман на погребална опрема (ковчези, венци, погребни обележја, погребна галантерија)

>> Припрема на починати лица  (облекување, тоалетизација)

>> Припрема на починати лица во трагични настани со најсовремени средства и техники за декоративна козметика и козметичка хирургија

>> Ископ/закоп на гроб во село и град вршиме секој ден со закажување на термин и гробно место

>> Eксхумација - откопување на посмртни останки од гроб вршиме на барање на членови на потесното семејство на погребаното лице или на барање на судот и надлежните органи, според пропишаните законски прописи

>> Продажба, отворање и затворање на лимени сандаци

>> Организација на погреб (договарање на термин, протокол, изложување во капела , погребна поворка)

>> Организација на погребна церемонија

  • духовнo црковнo пеење

Пеењето ја утешува и релаксира душата. Целта на духовното пеење во позадина е да создаде смирувачки амбиент и молитвена атмосфера во моментите на жалост при изложување на покојникот во мртовечница.

  • погребален оркестар
  • еулогија(говор)
  • фотографирање и снимање
  • изработка на меморијално  видео
  • книга на жалост
    Kniga na zalost   Prodavnica1
 
Изработка на некролози во боја и објавување на нашата веб страна

>>  Објавување на некролози, сеќавања и благодарности во дневен весник

>>  Уредување на потребната документација за преземање и испраќање на починати лица од/во целиот свет

>>  Посредување за кремирање во странство

>>  Однапред договорени услуги по желба на фамилијата

Сите подготовки и одлуки во врска со погребот на одредена личност можат да се направат порано, пред настанувањето на смртта, заради олеснување и донесување на одлуки без емоции. Вие ги одбирате услугите кои сакате да ги имате , а ние  ги извршуваме професионално и одговорно.

>> Кетеринг услуги

Погребална опрема

Уште од 1991 година, фамилиите потполно веруваат во услугите на "Мирен Сон" и им препуштаат да се погрижат за погребувањето на нивните најблиски. И затоа константно се стремиме да им помогнеме на фамилиите во одлучувањето и подготовката на единствено и достојно паметење на своите блиски, со нашите традиционални понуди на верски погреб или со нашите посебни услуги каде секој аспект на погребната церемонија може да биде прилагоден на вашите индивидуални потреби и желби.

Целта е да се понуди услуга која ќе претставува верен одраз на животот на покојникот, да се почитува и зачува споменот на неговиот живот. Ниските цени, разновидноста и квалитетот на погребалната опрема (ковчези и погребна галантерија) се предуслов за нашиот професионализам. Големиот спектар на погребална опрема вклучува различни категории спрема цената и квалитетот , од класични ковчези до уникатни и луксузни саркофази, во кое вложено огромно знаење и рачна изработка.

 

Целосно сме посветени во подготовка на достоен и пиететен погреб за вашите сакани , давајќи посебни и значајни обележја на секоја услуга која ја нудиме. Наша цел е да обезбедиме угледен и пристоен погреб за секого, а наша обврска е да Ви излеземе во пресрет во најтешките мигови од животот.

Приказната за нас

"Мирен Сон" е компанија која успешно работи во обезбедување на погребални услуги во Република Македонија и надвор од неа.

Зачетоците на приказната за "Мирен Сон" се темелат врз хуманоста, услужноста и човечноста на Ставре Шибак,  кој несебично им помагал на семејствата во Охрид при припремата на починатите и организацијата на погребот, без разлика на верската припадност.

Подоцна неговиот син Томе Шибак во 1991 година во Охрид го основал погребалното претпријатие "Мирен Сон",  како едно од првите приватни погребални претпријатија во Македонија со основна дејност погребни и придружни дејности,  во мал објект од 30-тина метри квадратни во близина на градските гробишта во Охрид.

  Denis Shibak Tome Shibak

Томе Шибак, во Охрид бил препознатлив како народен човек со долгогодишно искуство во трговијата и познавање на месните обичаи во градот.

Заедно со неговиот син Денис Шибаковски отпочнуваат со водење на независна, фамилијарна фирма која им помага на семејствата во професионално  планирање, опремување и организација на погреб на нивните блиски, со посебна почит кон покојните. Препознавајќи ги потребите во градот и во околните села, "Мирен Сон" , за прв пат транспортот на погребалната опрема до дома и превозот на починатите лица го врши со атестирани специјални погребални возила. Дава голем допринос и во поедноставување на погребната церемонија и отфрлање на одредени обичаи кои имаат пагански обележја.
 

Dukan1

Prodavnica1

sl1

 

Погребалната опрема добива нишка на луксузност со продажбата на странски саркофази и американски тип на ковчези, кои за прв пат беа донесени во Охрид, вклучувајќи ги и развојните идеи и внесувањето на естетика во погребната галантерија како огромна поддршка на сопругата на Томе Шибак, Олга Шибаковска.  Хуманоста и човечноста на своите предци, надополнета со беспрекорната услуга и знаења, продолжува да  се негува со бесплатната припрема на починатите лица и организацијата на погреб.

Полека но сигурно , "Мирен Сон " станува синоним за вршење на погребалните услуги во Охрид, а тоа претставуваше поттик за нејзиниот сопственик,  Денис Шибаковски да го развива и менаџира претпријатието според светските стандарди и трендови, и законските прописи на Република Македонија.

Со својата квалитетна стратегија на работа и со несебичното вложување во проширување на асортиманот на опрема и услуги,  но и постојано градење на квалитет, углед и доверба; "Мирен Сон" се искачи на самиот врв и веќе долг низ на години го задржа местото во својата бранша.

Во "Мирен Сон" ги негуваме и почитуваме фамилијарните и традиционални вредности , кои се втемелени во нашата работа и професионален однос кон клиентите; и се пренесуваат од колено на колено , градејќи стабилна и фамилијарна компанија.

Денес согласно законските прописи во Република Македонија, "Мирен Сон" е лиценциран оператор на погребални услуги со Дозвола за вршење на погребални услуги  бр. 0007 / 2009 издадена од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија. Благодарение на квалитетот на услугите, угледот и довербата на клиентите, погребалното претпријатие "Мирен Сон" континуирано се надградуваше и прерасна во фирма со завидно реноме.

На објект од повеќе од 100 мерти квадратни, модерен возен парк со специјални атестирани погребни возила, со меѓународни искуства во транспорт на починати лица низ целиот свет, стручни знаења, техники на работа со починати со оштетувања на тело, средства за работа во декоративна и конструктивна козметика на починати;  "Мирен Сон" претставува бренд во вршењето на погребални услуги. Следејќи ги европските и светски достигнувања постојано ги прошируваме и усовршуваме нашите услуги и работиме на воведување на истите кај нас.

Во нашите деловни простории ќе Ве пречека професионален тим кој внимателно ќе Ве сослуша и ќе Ви помогне во организацијата на достоен и пиететен погреб на вашите блиски. Остануваме во контакт со фамилиите и после погребот и нудиме поддршка и помош во врска со потребните административни процедури за пријавување - одјавување на починатите лица. Кај нас може да изберете квалитетна и уникатна погребална опрема за верски погреб, секуларен погреб и погреб специјално направен според вашите желби и потреби, транспортни услуги во земјата и странство и комплетна организација на погребна церемонија. Ако не сте во можност да дојдете лично во нашите простории, нашиот тим доаѓа на ваш повик и можете каталошки да одберете погребална опрема и услуги. Наша замисла е да ги поддржуваме традициите нудејќи внимание и разбирање. Ви стоиме на располагање 24 часа.

"МИРЕН СОН" - 24 часа доверливост, внимание и оригиналност !

Widgetkit

Widgetkit

Widgetkit is the next generation tool set for Joomla and WordPress. This toolkit is the first of its kind! It provides a simple and user-friendly way to enrich your websites experience with slideshows, galleries, lightboxes and much more.

All widgets make use of modern web technologies like HTML5 markup, CSS3 features and jQuery based JavaScripts. Widgetkit is fully responsive and all widgets and their effects adapt perfectly for all device resolutions. It supports touch gestures and makes use of smooth CSS3 animations.

Visit Website

How it works

Widgetkit basically acts as a platform for all our widgets. It installs as a single component in Joomla or as a plugin in WordPress. The Widgetkit dashboard presents you an overview of all widgets. You can create, edit or delete all widgets and their content in one place. And after you have created the content for your first widget, you can either use a shortcode or a module to display your widget anywhere on your website. In fact, you can do both. Because once have you created a widget, you are able to display it multiple times and reuse it on different parts of your website.

Features

  • Available for Joomla and WordPress
  • All widgets are fully responsive
  • Use shortcodes to show widgets anywhere
  • Clean and lightweight code
  • Semantic HTML5 markup
  • Asset file minification and compression
  • Supports touch gestures for mobile devices
  • Uses hardware accelerated CSS3 animations
  • Built with PHP 5.3+ and the latest jQuery version

Get Widgetkit. The next generation tool set for Joomla and WordPress. Download Widgetkit

Повеќе артикли...

  • 1
  • 2